| четврток, 6 декември 2018 |

Поради сценариото на Заев, Ермира Мехмети бара Албанец за премиер!

ермира

За излез од политичката криза Ермира Мехмети бара Албанец за премиер, бидејќи според неа двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни. Ова е резултатот на сценариото на Зоран Заев и СДСМ.

-Доколку Европската комисија најде начин да и помогне на Македонија да излезе од политичката криза, а тоа финишира со некоја преодна Влада, премиерот на таа Влада би требало да биде Албанец – напиша на својот Фејсбук-профил пратеничката Ермира Мехмети.

– Во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни, само албанската етничка заедница која директно не учествува во кризата може да биде посредник – пишува Мехмети и додава дека дека таа Влада би имала мандат и да го реши спорот за името.

После ваквата изјава на пратеничката на ДУИ, се отвора дилемата дали ова нејзино барање е по претходен договор на Заев со ДУИ како излез од кризата која се наметна по последните настани иницирани токму од опозиција.

Инаку,  идејата на Мехмети за Албанец за премиер не е нова, бидејќи претходно ја заговараа и луѓе од СДСМ. Поранешниот претседателски кандидат и министер во владите на СДСМ, Љубомир Фрчкоски во 2011 година за албанскиот Топ Ченал, рече дека “нам ни одговара еден тип влада која ќе биде секогаш коалициона во голема коалиција. Второ, ни одговара систем во кој ќе се ротираат главните функционерски места. Премиер во тој случај ќе може да биде Албанец, без некаква тензија или проблем“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top