| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата раскази „Северно од сонцето“ на Бранислав Ѓорѓевски

unnamed (1)
На 12. март (четврток) со почеток во 20 часот, Кафе МКЦ, ќе се одржи промоцијата на книгата раскази „Северно од сонцето“ од Бранислав Ѓорѓевски, издание на „Академски печат“.
Книгата е збирка од 23 раскази поделени во три циклуси.
Во првиот циклус насловен „Антиљубовни приказни“ се опишува постојаната потрага по љубовта во сите нејзини форми. Циклусот „Заминувања“ е своевиден современ бележник на македонската младина, бележник кој не само што ги опишува причините и мотивите за миграција, туку ги опишува и приказните на оние кои решиле да живеат далеку од дома.
Последниот циклус насловен како „Животот и нешто помеѓу“, се осврнува на комплексноста на живеењето во локални, македонски рамки, но и недостигот на храброст нешто да се промени.
Книгата ќе ја претстави актерката Емилија Мицевска, извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска, музичка подлога, бендот „Стаклер“.
Бранислав Ѓорѓевски е роден 1986 година во Скопје, дипломира на Правниот факултет во Скопје, студии по новинарство. „Северно од сонцето“ е негово второ книжевно дело. Ја има објавено и збирката раскази „Сите тие краеви“ во 2012, издание на „Антолог“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top