| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага против поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек

Slovenija Ljubljana 25.1.2013 Alenka Bratusek Foto Jozze Suhadolnik

Националното истражно биро на Словенија започна истрага против поранешната премиерка Аленка Братушек, објавија словенечките медиуми.

Според портпаролката на словенечкиот Парламент, Кармен Углешиќ, истражните органи моментно се наоѓаат во законодавниот дом во просториите на пратеничката група на „Сојузот на Аленка Братушек“.

– Освен во Парламентот, истрага се води и во седиштето на партијата во Љубљана, како и во домот на Братушек во Крањ, потврди портпаролот на партијата – Данаја Кек, не потврдувајќи за какво кривично дело станува збор.

Медиумите објавуваат дека според неофицијални информации истрага се води поради нејзината самокандидатура за европратеничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top