| четврток, 6 декември 2018 |

Заради продажба на наркотици: Поведена постапка против организирана криминална група

Воедно издадена е и наредба за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек

По напатствија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група. Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, информираат од обвинителството.

-По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за пет лица и мерка – Куќен притвор за еден од осомничените. Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Обвинителството.

Воедно издадена е и наредба за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек.

Од Обвинителството информираат дека двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top