| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА покрена постапка против Јувентус, ќе се испитува трансферот на Погба во Јунајтед

ФИФА информираше дека започнала дисциплинска постапка против Јувентус заради трансферот во Манчестер Јунајтед на фудбалерот Пол Погба.Сепак Манчестер Јунајтед не е цел на ФИФА бидејќи тие утврдиле дека клубот ги нема прекршено правилата.

Погба во 2012 година од Манчестер Јунајтед, како слободен играч, пристигна во Јувентус, а минатото лето „Старата дама“ му го продаде играчот на Јунајтед за 105 милиони евра.

Целиот трансфер е симптоматичен поради тоа што е вклучена провизијата која завршила кај контроверзниот менаџер Мино Рајола, а со тоа било прекршено единственото правило за сопственост на трет субјект вклучен во истиот трансфер.

Ако ФИФА докаже дека Јувентус ги има прекршено законските правила, се соочува со парична казна, а исто така може да биде казнет со забрана за трансфери на одредено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top