Холивудскиот актер Џони Деп, кој ја игра улогата на капетан Џек Спароу, ја повредил раката за време на снимањето на филмот „Пирати од Карибите“: Мртвите не раскажуваат приказни ” ( Pirates of the Caribbean : Dead Men Tell No Tales ), објави „Холивуд репортер“.
Инцидентот се случил за време на викендот, надвор од сетот за снимање и 51 годишниот Џони морал да се врати во Лос Анџелес, за да му биде извршена хируршка операција.
Претставници на компанијата „Дизни“, која се занимава со снимањето на филмот, ги потврди информациите за здобиените повреди на Џони Деп, но во исто време уверува дека тоа нема да се одрази на премиерата на филмот, пренесе „The Wrap“.
Филмот „Пирати од Карибите: Мртвите не раскажуваат приказни“ треба да се појави на екраните на 7 јули 2017 година. Снимањето на „Пирати од Карибите 5“, започна во февруари, во Австралија во областа позната како Златното крајбрежје. Во следната авантура Џефри Раш, ќе се врати во улогата на капитен Барбоса, а Орландо Блум како Вил Тарнер. Шпанскиот актер и добитник на Оскар, Хавиер Бардем ќе ја игра улогата на негативец, ликот на капетанот Брант.
Последниот филм од серијалот „Пирати од Карибите: Во непознати води“ беше пуштен во кината во 2011 година. Со буџет од 250 милиони долари, тој донесе заработка од 1,04 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.