Левичарската грчка влада предводена од Алексис Ципрас тврди дека Германија не ја обесштетила во целост за бруталната окупација во Втората светска војна и тоа прашање го поврза со својот актуелен долг кон странските доверители, пренесува агенцијата АП.
Грчкиот премер рекол дека договорот за репарација со Германија од 1960 година не ги покрил главните барања на Германија вклучувајќи и надоместок за уништената инфраструктура, воени злосторства и враќање на прудниот заем кој нацистите го земале од окупираната Грција, а никогаш не го вратиле.
Германија неколку пати соопшти дека Грција нема да даде никакво дополнително обесштетување наведувајќи дека тоа прашање е решено со постоечки договори.
Ципрас во парламентот рекол дека Грција ги почитува своите договори кон кредиторите, вклучувајќи ја и Германија но нема да отстапи од своите неотповикливи барања за репарација од Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос