| четврток, 6 декември 2018 |

Се издаде ли Пендаровски- СДСМ на иста линија со Атина

stevo-pendarovskiВо обраќањето на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на партиската трибина во Универзалната сала, ја нарече македонската влада со „Влада во Скопје“, термин кој го користи официјална Атина за да го избегне именувањето на државата.

Пендаровски од говорницата во Универзална сала рече дека најголемиот непријател на самата македонска држава била „таканаречената Влада во Скопје“.

-Ако порано бевме сигурни дека нашите најголеми непријатели се надвор денеска ни е јасно на сите дека најголемиот непријател на самата македонска држава е таканаречената Влада во Скопје, рече носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија.

Терминот „Влада во Скопје“ досега го користеше само Грција во своето обраќање, а вечерва видовме дека на иста линија со Атина е и претседателскиот кандидат на СДСМ и очигледно целата опозиција. Што сакаше да каже Пендаровски и дали Фројдовски се издаде, останува отворено прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top