| четврток, 6 декември 2018 |

Голема самостојна изложба на Ване Костуранов во МКЦ

В четврток, на 12 март, со почеток во 20 часот,во ликовната галерија при Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на еден од највпечатливите македонски уметници во моментов, Ване Костуранов, насловена како “Улица љубов”. Постановката содржи дваесетина дела работени во техниката акрил на платно. Ќе бидат изложени куќи и цели улици, кои никнаа на платната последнава година.

-Радост ми е што имам можност да ги споделам овие дела со скопската публика, вели авторот Костуранов.

vljubeni do neboto

Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров.

-Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом, вели Маџиров.

Инаку, Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а има реализирано и 9 самостојни.Уште, како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top