Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ.
На патниот правец М.Брод- Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај м.в. Плочи кај селото Неокази, поради појава на вдлабнатина попуштање на левата коловозна лента гледано во правец на Пробиштип – Крупиште сообраќајот се одвива наизменично само по десната коловозна лента.
Според информациите добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на другите државни патишта се одвива по влажни коловози. Снег со многу слаб интензитет провејува на планиските премини Буково, Ѓавато и Крушево, кој не се задржува на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.