Поранешен професионален убиец тврди дека убиството на Борис Немцов не било политичко бидејќи го извеле аматери.
-Напаѓачите кои го убија Немцов се аматери, а злочинот е изведен непрофесионално“, искоментирал Алексеј Шерстобитов, кој се наоѓа во затвор поради пресуда за дури 12 атентати, објави руска Газета.
Зборувајќи од лично искуство Шерстобитов наведува дека секој професионален убиец, прво и најважно, е загрижен за една работа, како да го направи атентатот со најмал можен ризик да биде откриен.
Најлогичен избор за убиецот е да ја погоди метата од што поголема одалеченост.
-Во овој случај, со оглед на тоа каде се случило убиството, најлесен начин би бил од личен автомобил. Возите споро по улица по која жртвата пешачи, се паркирате доволно далеку и чекате да дојде метата. Кога се наоѓа доволно блиску, убиецот треба да го отвори прозорот, да ја погоди жртвата и да побегне без никаков ризик, објаснува Шерстобитов.
Тој е шокиран од тоа што убиецот испукал шест куршуми од толкава близина.
-Самоуверен стрелец, кој често користи оружје, нема да испука толку куршуми, тврди осудениот Шерстобитов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.