Лидерот на СРС, Воислав Шешељ, за руската телевизија “Цар град”, изјави дека е очигледно дека опозиционерот Борис Немцов е убиен од страна на оние кои сакаат да се промени власта во Русија.
– На никого во руската влада не му одговараше тој да биде убиен, но тоа му одговара на Западот – изјави Шешељ.
Шешељ убиството на Немцов го спореди со убиството на Славко Чурувија и Ивана Стамболиќ во Србија.
– Тие беа убиени од страна на оние кои сакаа да го соборат Милошевиќ – тврди Шешељ.
Тој рече дека Русија ќе успее да се избори за вистината за ова политичко убиство.
– Очекувам дека Русија ќе успее сето ова да го расветли – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)