| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца од уапсените за убиството на Немцов не ја признаваат својата вина

ubistvonemcov

Тројца од уапсените во кривичниот предмет за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, Заур Дадаев и браќата Анзор и Шагид Губашеви, не ја признаваат својата вина, јави ТАСС, цитирајќи го шефот на Општествената набљудувачка комисија (ОНК) на Москва, Антон Цветков.

ОНК го контролира почитувањето на правата на човекот во затворите и другите принудни институции.

Членови на ОНК денеска го посетиле истражниот затвор „Лефортово“ во Москва, каде се наоѓаат приведените Чеченци.

На 8 март Басманскиот суд во руската престолнина нареди мерка „заддржување под стража“ до 28 април на тројцата споменати чеченци, заедно со Тамерлан Ескерханов и Хамзан Бахаев. На двајца од нив – Дадаев и Анзор Губашев, веќе им се предадени обвиненијата, а останатите тројца се осомничени.

Обвиненијата, вклучувајќи го и она за убиство со умисла врз Немцов, предвидуваат лишување од слобода од осум до 20 години или доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top