На интернет каналот Јутјуб се појави видео снимка на кои јасно може да се види и слушне како лидерот на СДСМ Зоран Заев самиот признава пред премиерот Никола Груевски пораз од над 150.000 гласови на изборите.
На снимката се гледа како Заев отворено кажува пред премиерот дека е свесен дека ќе загубеле на изборите.
– Отворено кажувам, не би бил јас сериозен ако кажам дека ќе победевме ние на изборите. Ако беа чесни изборите, пак ќе изгубевме -му вели Заев на Груевски на снимката која поладнево излезе на Јутјуб.
Со ова паѓаат во вода сите изјави на Зоран Заев со кои сака да ја манипулира јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.