| четврток, 6 декември 2018 |

Работи кои Заев ги знае, но ги крие и не ги кажува

Зоран Заев и вчера објави креирани материјали со цел пред јавноста да претстави дека имало изборни нерегуларности во Македонија. Свесно заборави да каже дека СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ изборите ги загуби со над 200.000 гласови и дека ниту една од работите кои ги објави не може да биде причина за тоа.

Така, од разговорот кој Заев го објави меѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, се гледа дека иако СДСМ и медиумите финансирани од СОРОС креираат атмосфера на изборни нерегуларности, на терен и од страна на полицијата не се забележани никакви прекршувања, ниту повреди на избирачкиот процес, пишува „Курир“.

Со ваквите материјали СДСМ мошне свесно манипулира за прекршувања на изборниот процес. Но, тоа не поминува кај граѓаните бидејќи тие беа дел од изборниот процес и знаат како поминале изборите.

Од тие разговори се дознава дека иако СДСМ во Свети Николе обвинува за штампање ливчиња на собир навечер во училиштето, посочената група всушност е иницијативен одбор за одбележување на верски празник, а гласачкиот материјал по собирот бил недопрен.

Ако некаде имало прекршување, вчера беше признато дека тоа го направиле симпатизери на СДСМ. Активисти на опозициската партија попречувале доставување на избирачкиот материјал, а исто така во време на изборен молк, членови на СДСМ делеле гласачки материјали во Нерези.

Од друг разговор кој СДСМ го објави вчера единствено што беше покажано е заложбите на владини министри да се решат одредени проблеми. Така, во разговорот кој Заев го најави дека се водел меѓу Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, се гледа дека тие разговараат за проблематичен застој на исплата на пензии со цел да се најде решение за побрза исплата на пензиите на граѓаните. Инспекциите биле пратени кај лица кај кои било констатирано дека вршат криминал, па затоа се реагира дека никој од нив не треба да штити криминалци.

СДСМ со снимките докажа дека тие се оние кои прават штета на земјоделците. Токму тие прават опструкции и намерно, преку откупувачите пред избори, ја спуштаат цената на зелката од 10 на 4 денари.

Овие работи Заев ги кажа во верзија која му одговара нему, но не е реална. Доколку во целост се видат креираните материјали, работите кои Заев сакаше да ги сокрие јасно се гледаат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top