| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Ѓавато, во 17 часот и 45 минути воведена е забрана за движење за тешки товарни возила. АМСМ соопшти дека забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште важи. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците, кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top