| четврток, 6 декември 2018 |

Летот MH370 е нерешлива мистерија и по една година од исчезнувањето

И по една година од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс на летот од Куала Лумпур до Пекинг, таа несреќа се уште е нерешлива мистерија.

Иако оддалечените и немирните води на јужниот Индиски океан детално беа пребарувани, истражувачите не го најдоа авионот, кој пред една година исчезна без трага. Неможноста да се лоцира авионот, кој исчезна на 8 март еден час по полетувањето од аеродромот во Куала Лумпур, отвори пат на многу теории на заговори. Кели Вен (30) од Кина, членка на група чии семејства имаат настрадани во несреќата, минатиот месец отидоа во Куала Лумпур да бараат одговори за исчезнатиот авион. Се тврди дека сомнежите на теориите на заговори се зголемуваат бидејќи властите не се искрени во информирањето на јавноста за тоа што знаат за несреќата. – Многу прашања немаат одговор – рече таа за агенцијата ДПА.

Вен чиј сопруг бил меѓу 239 патници во исчезнатиот авион, вели дека не и е јасно зошто малезиската влада побрза да ги прогласи сите патници и членови на екипажот за мртви, иако авионот не е најден.

Секоја теорија има добри и слаби точки

Јинаг Хуи (41) чија 70 годишна мајка била на летот MH370, не може да го сокрие сомневањето дека потрагата се водела на погрешно место. Додава дека Малезија не може да ја избегне одговорноста да открие што се случило со авионот. – Прогласување на нашите сакани за мртви, нема да ни донесе мир. Авионот мора да се најде. Мора да знаеме што се случило – тврди тој.

Теоретичарите на заговори брзо ја искористија состојбата. Американскиот писател Џеф Вајс во февруари во списанието Њујорк објави дека авионот е киднапиран по наредба на рускиот претседател Владимир Путин и дека се наоѓа во руска воена база во Казахстан. Оваа и други, помалку или повеќе фантастични теории имаат заеднички недостаток – многу слаби аргументи.

Конвенционалните правци на истрагата се концентрираат на луѓето во авионот, вклучувајќи го пилотот. Документарецот на Национална Географија сугерира дека авионот намерно е пренасочен од рутата и како веројатен виновник го посочува капетанот Захарие Схаха Ахмад.

Меѓутоа, малезиски полициски извор кој сакаше да остане анонимен, тврди дека истражувачите не нашле докази кои пилотот би го поврзале со исчезнувањето на авионот. – Не најдовме ништо што, вклучувајќи го капетанот, би ги претвориле во осомничени – рече тој. Колегата на капетанот, кој сакаше да биде наведен како Мухамед, е разочаран од наводите на Национална географија. – Капетанот Захарие беше човек на место и не би направил ништо што би ја нарушиле неговата професија и честа – рече тој. – Ме растажува кога читам приказни дека тој стои зад исчезнувањето на MH370.

Извор од авионските власти смета дека веројатно најголема грешка на малезиските власти која е поврзана со летот MH370, е тоа што војската не го пресретнала авионот кога ја променил рутата. – Војската го имаше летот MH370 на радар кога прелетуваше од Јужното кинеско во Андаманското море, но остана нема – тврди изворот.

Изворот верува дека нема никаков таинствен мотив зад военото молчење за тоа, освен што го кријат својот срам и немарност. – Правило е војската да пресретне неидентификувани авиони кои влегуваат во националниот воздушен простор, а тоа во овој случај не е направено. Да било така, би знаеле многу повеќе за судбината на авионот.

Малезиските и австралиските власти кои координираат во постоечката претрага веруваат дека бараат на вистинско место. – Информацијата е прецизна. Секој авион има свој сигнал… затоа истражувачките екипи веруваат дека авионот одел кон јужниот Индиски океан – рече малезискиот министер за сообраќај Лиоу Тионг Лаи.

Јорг Шлутер, професор на одделот за механика и аеронаутика на сингапурскиот технолошки факултет, исто така верува дека се бара на добра локација.

– Тие малку цврсти податоци што ги имаме се од сателит. Тие покажуваат дека авионот се движел релативно со слаба брзина спротивно од сателитот. Заедно со проценетата минимална и максимална брзина на летот, може да се одреди коридорот – рече тој. Шлутер е против шпекулациите за тоа кој е виновен. – Во минатото, имавме повеќе од неколку несреќи во кои се посочуваше на пилотите, а на крај се утврди дека тие не биле одговорни. – За сега, секоја теорија има свои добри и слаби точки, но искрено, не знаеме доволно за да донесеме било каков суд – заклучи тој.

Потрагата и фактите

Во исчезнатиот боинг 777-200 на Малезија Ерлајнс биле 227 патници и 12 членови на екипажот. Патниците се од 14 држави. Најмногу имало од Кина, две третини.

Со авионот управувал ветеран од цивилното воздухопловство Захари Шах Ахмад. Целиот екипаж бил малезиски.

Полетал од Куала Лумпур во 21 минута по полноќ и според распоредот требало да слета во 6.30 часот во Пекинг. Помалку од еден час по полетувањето контактот со авионот бил изгубен. Екипажот не упатил никаков сигнал за опасност.

Властите веруваат дека авионот ја променил насоката и се урнал во јужниот Индиски океан. Потрагата за MH370 е најголема потрага во историјата на воздухопловството. Првите денови по исчезнувањето се концентрирала на планираната рута на авионот североисточно од Куала Лумпур, кон Камбоџа и Виетнам.

Потоа, откако анализата на податоците за летот сугерирала дека авионот ја сменил насоката на летот, се преместила од Јужното кинеско море и Мотучкиот теснец на подрачјето на јужниот Индиски океан.

Виетнам, Малезија, Кина, Тајланд, Индија, Австралија, Нов Зеланд и САД пратија бродови и авиони за помош во потрагата.

Од 30 март минатата година, потрагата ја води посебно основан центар за координација JACC со седиште во Канбера.

Бидејќи на површината на морето не се најдени делови од срушениот авион, напорите да се најде авионот се концентрирани на мапирање на морското дно. Подводната потрага, за која е ангажирана холандската компанија Фугро, предводи посебни возила за движење по морското дно опремени со скенери, сонари, камери и други софистицирани уреди.

Се работи за подрачје во океанот кое на дното има непроблематични висорамнини, но и подморски планини, превои, брегови и бездни. Површината која се пребарува е со површина од 60.000 квадратни километри (нешто повеќе од површината на Хрватска), а мапирањето би можело да биде готово до мај оваа година.

Австралија издвои 90 милиони австралиски долари (380 милиони куни) за трошоците за потрагата, а Малезија најави дека ќе даде исто толку. Кина исто така има голем дел од трошоците.

Хина – Загреб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top