Египетската армија доби автоматски сигнал за помош од авион, само два часа по исчезннувањето од радарите на египетскиот „Ербас А320“.
Авион на египетската компанија „Иџипт Ер“ на лет од Париз за Каиро до 66 патници и членови на екипажот рано утрово исчезна од радарите над Средоземно Море, соопшти авиокомпанијата.
– Ниту една теорија не може да биде исклучена како причина за несреќата, посочи францускиот премиер Мануел Валс.
Компанијата наведува дека авионот исчезнал 16 километри откако влегол во египетски воздушен простор утрово во 02.45 часот по локално време (01.45 по средноевропско време),
Директорот на грчката цивилна авијација истакна дека авионот исчезнал од радарите две минути откако го напуштил воздушниот простор на Грција. Пилотот разговарал со грчките контролори, но тогаш не пријавил никаков проблем.
– Авионот „Ербас А320“ најверојатно падна во море, рече портпаролот на египетското цивилно воздухопловство Ихаб Раслан.
Компанијата „Иџипт Ер“ потврди дека меѓу патниците во авионот има 30 египетски државјани, 15 француски, двајца ирачки, како и по еден државјанин на Велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија, Алжир и Канада. Меѓу патниците имало и три деца.
Грција испрати два авиони и фрегата во јужниот дел на Медитеранот, каде исчезна авионот, а на островот Карпатос подготвени се хеликоптери за евентуална спасувачка мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.