Патничкиот авион со 23 луѓе во него што исчезна денеска во Непал, се урнал во планина во централниот дел од државата и сите патници се загинати, соопшти непалската полиција.
Остатоци од авионот се пронајдени на планината Соли Гхоптебхир во округот Миагди. Засега не се соопштени причини за авионската несреќа.
Двајца од патниците биле странци – едниот од Кина и другиот од Кувајт. Авионот бил во сопственост на компанијата Тара ер и извршувал лет од Покхара кон Џомсон со 20 патници и три лица екипаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.