Родителите што ги изгубиле своите три деца во падот на малезискиот „боинг“ во Украина добиле девојче. Виолет Меј Меслин родена е овој вторник во австралиски Перт. Нејзините родители Ентони Меслин и Мерит Норис, велат дека раѓањето на Виолет е доказ дека љубовта е посилна од омразата.
– Сè уште живееме во болка, но малата Виолет ни донесе светлина во темнината, иако знаеме дека нашите три деца се тука заедно со нас – вели Мерит додавајќи дека верува дека нивните три деца Мо, Еви и Отис заедно со нивниот дедо Ник од небото им пратиле чудесен дар, пишува Деили Меил.
Малезискиот „боинг“ е соборен со ракета од земја на подрачјето на источна Украина во јули 2014 година. Во несреќата загинаа сите 298 патници на авионот заедно со авионскиот екипаж.
Децата на Ентони и Мерит тогаш имале по 10, 12 и 13 години, а патувале кон својот дом заедно со нивниот дедо.
Се претпоставува дека патничкиот авион е соборен од ракета „бук“, но сè уште не е јасно кој ја истрелал, Украинската војска или проруските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина