| четврток, 6 декември 2018 |

Силувач претепан и каменуван до смрт во Индија (вознемирувачки фотографии)

Силувач од индискиот град Димапур, бил сурово казнет од граѓаните за монструозното дело кое го извршил. Неколку стотици жители на овој град, влегле во локалниот затвор и буквално го извеле силувачот на улица, го линчувале и каменувале. На крај, силувачот бил тепан до смрт.

indij

Мажот имал 35 години и бил продавач на автомобили, а насобраната толпа граѓани го претепала до смрт. 

indija

Убиството било проследено со скандирање на сограѓаните и снимано со мобилен телефон. Неговото тело, масата го влечела по улиците, а потоа го заврзала за ограда.

ind

Убиениот маж бил обвинет дека неколку пати силувал студентка во текот на минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top