Концесионерот на македонските аеродроми „ТАВ“ го промовира Охрид и аеродромот „Св. Апостол Павле“ на Меѓународниот туристички саем, што се одржува во Берлин. Саемот е домаќин на околу 10.000 учесници од повеќе од 180 земји и над 180.000 посетители.
Аслихан Чортук, маркетинг-директорка на „ТАВ аеродроми“ информира дека на саемот ги промовираат дестинациите на аеродромите управувани од „ТАВ холдингот“ во Грузија, Македонија и во Тунис. На 12-годишнината од нашето учество на овој саем, целта ни е да направиме значителен придонес за областите каде што работиме. Свесни сме дека аеродромите, како места за влез и излез од државите и градовите, играат важна улога во развојот на туризмот, изјави Чортук.
Со промоцијата, укажа, се обидуваат да го зголемат бројот на летови паралено со туристичкиот потенцијал на тие места.
„ТАВ аеродроми“ управува со двата македонски аеродроми – „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид од 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.