| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна бура го зафати Балканот

бура

Најавеното влошување на временските околности, падот на температурата со обилни врнежи од дожд и од снег пристигна во поголемиот дел од регионот, а црвеното предупредување на „Метеоаларм“ е воведено за јадранското крајбрежје и во источна Херцеговина.

По хрватското крајбрежје дува орканска бура, така што во прекин се голем број траектни линии, а многубројни патишта се затворени за сите видови возила и засега камионите со приколки не можат да возат од внатрешноста на Далмација и похрватското приморје и обратно, соопшти Хрватскиот автоклуб.

Циклонот Реа надвисна над Хрватска, во Славонија се предвидуваат комбинирани врнежи на дожд и на снег, а во Лика и Горски Котор од снег.

Во Сплит дува бура со орканска сила, а најголем интензитет има на Велебит и во Далмација.

Во Макарска брзината не ветерот достигна 130 километри на час, а во Подстрана интервентните екипи мораа да отстранат урнат електричен столб.

На трговско-транспортниот терминал Сплит се урна дел од покривот на фирмата „Далмекс“, додека на подрачјето на Дорње Подстране во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Поради снегот во Хрватска е запрен сообраќајот за возилата потешки од 7,5 тони на граничниот премин Изачиќ, додека на другите гранични премини нема подолги задржувања.

Во Босна и Херцеговина европскиот „Метеоаларм“ денеска објави црвено предупредување за источна Херцеговина и жолто за другиот дел од земјата.

Прогнозите најавуваат најобилен снег токму во источна Херцеговина.

Сообраќајот поради снегот на повеќето патни правци во БиХ веќе се одвива отежнато и забавено, а на патниот правец Сараево Коњиќ на планинскиот премин  Иван целосно е запрен за товарни моторни возила.

Снег има и во Црна Гора, а од изутринава поради врнежите стопиран е сообраќајот за одредени категории на возила на патот Подгорица-Бијело Поље.

Во Словенија надлежните служби предупредуваат за исклучително силен ветер и бура во приморските региони и во сила е жолто предупредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top