| четврток, 6 декември 2018 |

Психолошки трик кој ќе ви помогне кога се двоумите

Доколку се двоумите и не можете да одлучите, личноста која треба да ја прашате за совет сте токму – вие. 

Научниците од Универзитетот „Ватерло“ испитувале 100 луѓе кои биле во долги врски, така што ги поделиле на две групи. Во едната група поставиле задача да замислат дека го изневериле својот партнер, а во другата група поставиле задача да замислат дека нивниот пријател го изневерил својот партнер. Откако им ја поставиле оваа задача, од нив било побарано мислење – што тие или нивниот пријател би требало да направат по ова неверство.

Како и што се очекувало, тие што го разгледувале случајот со пријателот, донеле помудри одлуки во однос на тие што размислувале за себе.

Заклучокот на студијата е дека кога треба да донесеме одлука, најдобро е да го замислиме нашиот пријател во таа ситуација, па од негова перспектива добро да го анализираме целиот настан и на тој начин да откриеме што би го советувале ние него. Големи се шансите дека овој совет ќе биде најдобриот којшто би можеле да си го дадете самите на себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top