Интензивен снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија, но и во Полог. Во другите делови е обалчно со слаб дожд. Во Штипско и во Битолско дува засилен ветер од југоисточен правец, кој на моменти достигнува брзина до 60 кикометри на час.
Најмногу дожд, 16 литри, падна во Пожаране, 13 Охрид, 11 Тетово, 9 Маврово, 8 Дебар, 7 Крушево, 6 Скопје, Куманово и Лазарополе, 5 Претор и Ѓуриште, 4 Битола, Виница и Тополчани, 3 Прилеп и Берово, 2 Демир Капија, Штип, Гевгелија и Кавадарци и 1 Струмица и во Пожар.
Утрово температура под нула е се измерена во Маврово -2 и во Крушево -1. На другите места е измерена температура повисока од нула. Во Тетово, Крива Паланка и Лазарополе 0, во Берово 2, во Прилеп, Претор, Дебар три степени, во Скопје, Охрид, Битола, Кавадарци, Виница и Куманово четири, во Струмица и Дојран 5 и во Штип, Демир Капија и во Гевгелија се измерени шест целзиусови степени.
Времето денеска ќе биде облачно, со повремен дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен ветер, прво југоисточен, а попладне северозападен. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и ноќта кон петок и локално се очекува да паднат повеќе од 25л/м2, на повисоките и на некои пониски места врнежите ќе поминат во снег, особено во северните и западните делови од земја. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за повеќе од 20 см.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи и со умерен до засилен северисточен ветер. Во текот на ноќта можно е дождот да помине во снег. Дневната температура ќе достигне 7 степени.
И утре времето ќе биде облачно, со дожд и со снег, на југоисток ќе паѓа главно дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Пообилни врнежи повторно ќе има попладне и ноќта кон сабота и локално се очекува да наврнат нови 30л/м2, особено на југ и југоисток. Во западните и северните делови се очекува формирање на снежна покривка и на некои пониски места, додека на планините ќе продолжи значително да се зголемува (нови 20см и повеќе). Снег ќе продолжи да паѓа до недела претпладне. Од понеделник следува стабилизација на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.