| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Ако се крши примирјето во Украина ќе има нови санкции за Русија

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Брисел ја предупреди Русија дека секое сериозно кршење на сегашното примирје во Источна Украина ќе биде сигнал за Европската унија да воведе нови санкции кон Москва поради поддршка на сепаратистите.

Таа посочи дека ако не се реализира Договорот од Минск, Европскиот совет и земјите-членки на ЕУ ќе воведат нови санкции кон Русија.

Јункер истакна дека се уште нема услови за одржување на средбата Русија-ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top