Убавата пејачка Бијонсе неодамна позираше за насловната страница на популарното списание за фитнес „Шејп“ и од интервјуто во него дознаваме како оваа убавица ја одржува витката линија.
– Не сум природно витка. Јас сум во онаа категорија луѓе кои мораат напорно да работат за да ја задржат линијата. Не сме сите исти – призна Бијонсе.

Иако напорно вежба, посебно по породувањето, Бијонсе се придружува и кон нискокалоричната храна и се откажува од одреден вид намирници.
– Не јадам црвено месо, многу јадам риба, интегрални житарки и ориз – изјави таа, додавајќи дека појадокот и е многу важен.
– Секогаш појадувам, на пример омлет од белки, смуди од зеленчук, житарки или нискокалорично месо. За ручек и вечера јадам многу зеленчук и риба. Пијам многу вода, за да не дехидрирам – објаснува понатаму.
Згодната пејачка сепак, признава дека во недела се чести со едно јадење кое го обожава, а тоа е пицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


