Битолската зоолошка градина ќе биде направена по терк на скопската која е направена по европски стандарди, најави Владимир Талески, градоначалникот и кандидат на ВМРО ДПМНЕ за општина Битола на локалните избори кои ќе се одржат в недела.

-Правиме живеалиште за нилски коњ кое што доаѓа со финансиска поддршка од АЕК и бирото за регионален развој, но најважното е проектот кој го добивме од прекуграничната соработка, заедно со соседната општина Лерин и еден субјект исто така од Грција, вредноста е над 700 000 евра, што значи дека вкупно со живеалиштето на нилскиот коњ имаме 11 реконструирани или новоизградени објекти за сите животни во ЗОО – изјави Талески.
Ќе се подобрат условите за животните во живеалиштата, а ќе има и исклучително голема атракција за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


