Се погласните се шпекулациите дека тренерот на Интер Роберто Манчини ова лето ќе го напушти клубот од Милано и ќе премине во редовите на ПСЖ или можеби некој англиски клуб.
Тој тврди дека нема никаква калузула во договорот со претседателот Ерик Тохир и може да го напушти клубот кога ќе добие подобра понуда.
Ни во Интер не се воодушевени од неговата работа бидејќи и покрај силните засилувања кои се доведени токму на барање на Манчини, екипата има само еден бод повеќе од градскиот ривал Милан, а потрошија многу повеќе пари.
За таа цел управата на Интер не седи со скрстени раце и се зборува дека Марсело Биелса ќе биде замената за Манчини на кого местото прв човек на клупата во Марсеј не му е загарантирана.
Популарниот Локо веќе ги поставил условите за неговото доаѓање во Милано, а со себе од Марсеј би повел и тројца играчи.
Еден од нив е Жињак на кого му истекува договор со Марсеј ова лето и како слободен играч би можел да се пресели без обештетување. Вториот играч е Флориан Товин чија цена изнесува околу 15 милиони евра, додека третиот е одличниот Бенџамен Френклин.
Биелса смета дека околу овие тројца играчи треба да се гради идниот состав на Интер и дека во постоечкиот играчки ростер има поединци кои се во неговите замисли.
Што ќе се случува во летниот преоден рок останува да се види по одлуката на Манчини. Клубот е далеку од место во Лигата на шампионите, а единствениот пат до таму е освојување на Лига Европа оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.