Српската полиција почна истрага по изјавата на тенисерот Новак Ѓоковиќ за можни измами и фалсификати со билетите за натпреварот од првото коло на Дејвис купот меѓу Србија и Хрватска, што ќе се одржи од 6 до 8 март во Краљево.
– Интензивно работиме на расчистување на ситуацијата. По изјавата на Новак Ѓоковиж одлучувме да почнеме истрага и да ги испитаме сите лица поврзани со продажба на билетите и брзо да утврдиме дали имало кршење на законот, истакна српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Истрагата следи по изјавата на Ѓоковиќ дека не може да поверува оти сите билети за натпреварот во Краљево биле продадени за помалку од 15 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.