| четврток, 6 декември 2018 |

За какви „паралелни комбиња“ зборува Заев

Во гостувањето на ТВ „Телма“, лидерот на СДСМ повторно направи грешка и индиректно призна дека има информации кој навистина прислушувал.

Иако претходно во јавноста никаде не беше спомнато дека прислушувањето се вршело со повеќе возила, Заев говорејќи за изјавата на премиерот на оваа тема рече дека се работело за „паралелни комбиња“.

Терминот „паралелни комбиња“ досега не беше спомнат во десетиците коментари за еден од двата начини на кои, најверојатно, се одвивало прислушувањето.

– Груевски почна со некои тактички опреми, не знам какви паралелни комбиња, како ги спомнуваше, веќе и не знам точно називите кои ги користеше, за да веќе се случува „Заев ве снимал, Заев бил посилен од Мијалков во ДБК“ – рече Заев на „Телма“.

Оттука е нејасно од каде му се на Заев информации за паралелни комбиња во кои, најверојатно, се сместуваат клонираните базни станици за мобилна телефонија.

Знае ли Заев нешто повеќе за прислушувањето од тоа што јавно го тврди?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top