Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје утре со почеток во 19 часот ќе се одржи Алерт арт изложба на авторките Евица Камберова – Стојаноска и Маргарита Иванова.
Станува збор за нови креации и уметност на старите работи, односно за креирање преку рециклирање. Поконкретно, Алерт арт е уметност преку која од стари, неупотребувани, обични работи, се создава нешто ново. Фокусот на уметничкото изразување е преку изработка на декоративни предмети со различни техники – декупаж, сликање, боење, филигран од хартија, лепење, украсување…
Авторките велат дека се радуваат кога ќе најдат нешто старо, фрлено, неупотребувано, заборавено и кога ќе му дадат нов живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.