
Во порта „Македонија“ министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и директорката на Британски совет, Елеонора Запрова, потпишаа договорот за соработка во областа на креативните индустрии меѓу Министерството за култура и Британскиот совет во Република Македонија, документ со кој се официјализира соработката меѓу двете институции во областа на креативните индустрии.
-Договорот кој денеска го потпишавме е продолжување на активностите во областа на креативните индустрии и е во духот на нашите досегашни заложби за стимулирање и мотивирање на младите креативци во Република Македонија за посериозно комерцијално работење во оваа област и стручно усовршување на бизнис-заедницата за користење на овој значаен ресурс – истакна во своето обраќање Канческа-Милевска.

Во договорот се наведени активностите, обуките и усовршувањата кои ќе бидат реализирани во областа на креативните индустрии во текот на оваа година. Заинтересираните во јуни, октомври и ноември ќе можат да стекнат нови знаења и да се запознаат со искуствата од областа на креативните индустрии на Малта, Словенија и Велика Британија. Истовремено ќе бидат спроведени обуки за информатичка технологија и дизајн, како и обуки за креативно претприемништво според моделот развиен од британската фондација за иновации НЕСТА.
Министерството за култура неодамна објави и конкурс за финансирање проекти во областа на креативните индустрии чија цел е стимулацијата на индивидуалците и на групите кои се непосредно вклучени во процесот за развој на креативните индустрии. Големиот број пријавени проекти, преку 200, се потврда за заинтересираноста на граѓаните за оваа област, како и желбата, својот потенцијал и творечка енергија да ги насочат кон создавање производи кои ќе бидат важен економски ресурс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците


