| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги потврди шифрираните пораки на семејството Верушевски, им купил компјутер, планирал и автомобил

Zaev bomba 6 2 (Custom)

Зоран Заев потврди дел од комуникацијата во семејството на ексразузнавачот Зоран Верушевски, првоосомничен во аферата „Пуч“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека не може да говори за автентичноста на пораките кои беа дешифрирани, зашто освен во медиумите, немал можност да ги види, но вели дека е можно да се работи за комуникација во семеjството на ексразузнавачот.  Со ова тој ја потврди комуникацијата во шифри меѓу членовите во семејството Верушевски, кои подоцна беа дешифрирани.

Лидерот на СДСМ потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.

– Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски – рече Заев посочувајќи дека сепак не купил ниту тој лично, ниту партијата. Тој објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството Верушевски од земјата, ќе им купел автомобил зашто не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил.

На прашањето на новинарот дали толкава заслуга има Верушевски во целата аферата за прислушкувањето за да му купи автомобил, Заев без двоумење одговори потврдно.

А што покажа мистериозната комуникација?
Од пораките кои беа објавени се гледа дека Заев и Верушевски тесно соработувале околу прислушкувањето и употребата на материјалите, иако опозицискиот лидер долго време тврдеше дека не се познаваат.

Комуникацијата со шифрирани пораки открива дека Заев требало да му купи нова кола на синот на поранешниот разузнавач, а Верушевски биле незадоволни со тоа. Меѓудругото се открива дека Верушевски го советувал првиот човек на СДСМ да се оди на револуција. Оттука аналитичарите коментираа дека ставот на Заев е за политичка, а не правна разврска на случајот.

Еве дел од пораките кои беа декодирани:

Александар Верушевски со мајка му

-Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.

Александар Верушевски со мајка му

-Рече ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.

-Ти како си и како ти е таму и кажи му Зајко компјутер ми фалит.

-Уште еден адвокат или десет сè е џабе, без револуција џабе е сè,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top