Легендата на Арсенал, францускиот интернационалец Тјери Анри верува дека играчите на Челси се способни да ги освојат трофеите на сите три фронта.
Тој смета дека „сините“ поседуваат квалитет кој бара играње силни натпревари и освојување трофеи.
Челси веќе го освои Купот на Англија играјќи во финалето на „Вембли“ против Тотенхем, во Премиерлигата водат со пет бода разлика пред Манчестер сити, кој вчера загуби од Ливерпул со 2-1 и не ја искористи шансата да му се доближи на лидерот, а во Лигата на шампионите имаат активен резултат од 1-1 пред реваншот на „Стенфорд бриџ“ против ПСЖ.
– Мислам дека може да ги освојат сите три трофеја. Имаат неопходен квалитет за да стигнат до трите титули. Нестрплив сум да го гледам натпреварот против ПСЖ. Ќе биде тоа голем натпревар. Доколку победат на тој натпревар и поминат во следната рунда, најверојатно дека ќе играат против Баерн, а потоа можеби против Реал и Барселона. Времето ќе покаже што ќе се случни, но натпреварот против ПСЖ е вистински предизвик за нив – изјави Анри за „Скај спорт“.
Французинот успеа да ги освои трите круни играјќи за Барселона во 2009 година предводена од Пеп Гвардиола. Таа година беа освоени титулите во Примера дивизија, Купот на Шпанија и во Лигата на шампионите.
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, успеа да го направи тоа следната година со Интер кога ги освои истите титули во Италија и во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.