| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски и Руди Фернандес играчи на неделата во Шпанија (видео)

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски доби големо признание и го дели ореолот кошаркар на неделата во Шпанија заедно со поранешниот НБА-играч Руди Фернандес. Шпанските медиуми со многу комплименти ја оценија блескавата партија на Војдан за Мора Бенк Андора во победата од 80-64 против Ла Бруиса. Стојановски постигна 24 поени и беше незадржлив, а бројот на индексни поени (26) му е идентичен како тој на Руди Фернадес во триумфот на Реал Мадрид над Лагуна Канаријас.

vojdan

Во видеоматеријал што го изработија Шпанците паралелно е прикажано постигнувањето на двајцата асови што заслужено ја делат наградата за најкорисни играчи на 22. коло во најсилната шпанска кошаркарска лига.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top