Алеш Пипан се врати во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје, но не успеа да ја спречи низата од порази во Јадранската лига. Во Скопје славеше и Унион Олимпија, екипа што му даде отказ на Пипан пред една седмица. Словенецот се врати на кормилото на македонскиот шампион со несупех и со дебакл од 57-76.
По само 20 минути игра, гостите од Љубљана најавија дека сигурно ќе си одат со бодови, а предноста беше 39-28 на полувремето. Во вториот дел предноста само се зголемуваше и стигна на 19 разлика и победа за Словенците од 76-57. Ова е петти пораз по ред на МЗТ Скопје на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.