| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба за Дејвид Боуви во Париската филхармонија

david-bowie

Париската филхармонија, која повторно е отворена по речиси 10 години реновирање, во вторник ја отвора својата прва изложба посветена на британскиот музичар Дејвид Боуви, пренесуваат француските медиуми.

Посетителите на изложбата, која ќе трае до 31 мај, ќе може да видат повеќе од 300 предмети, оригинални костими, фотографии, музички инструменти и ракописи на песни на Боуви, кој на осми јануари наврши 68 години.

Боуви е познат по менување на стилот и имиџот. Неговиот албум „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars” од 1972 година го круниса како голема британска и светска музичка ѕвезда.

Новото, реновирано издание на Париската филхармонија може да прими 500 музичари – два оркестра и три групи. Има шест сали за проба, уште 10 работни простории, ресторан, бар, изложбен простори и педагошко ателје.

Директорот на филхармонијата Лоран Бел очекува милион посетители годишно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top