| четврток, 6 декември 2018 |

Заев го намести Верушевски, јавно призна дека лажел зошто му праќал писма

Заев најпрвин велеше дека не го познава Зоран Верушевски, потоа дека сакал да му најде работа во земја каде што владее премиер и партија блиска по идеологија со  СДСМ, па дека му праќал писма за да му помогне затоа што бил без плата за на крајот да признае дека сакал да го извади од земјата затоа што бил дел од прислушувањето.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на интервју во „Нова тв“ изјави дека уште двајца од инволвираните кои што учествувале  во прислушувањето успеал да ги извади надвор од земјата но не можел да го стори и за Зоран Верушевски кој беше притворен.

Со тоа Заев практично призна дека се што кажал до сега за Верушевски било лага, дека досега само за овој дел лажел во три наврати  и дека тој од самиот почеток на објавувањето на прислушуваните разговори бил во дослух со првообвинетиот во случајот “Пуч“ кој ги плаќал вработените во  УБК да снимаат разговори кои што сега ги објавува СДСМ.

Струмичкиот градоначалник за само 24 часа со своите грешки и манипулации ја потврди тезата на премиерот дека Заев нема капацитет да се справи со случајот во кои според зборовите на Груевски е вмешана и  странска служба.

Предходно Заев потврди дека писмото напишано рачно кое што му го пратил на Верушевски било со цел да му извади виза во странство за да може да работи.

Писмото чија автентичност беше потврдена од авторот содржеше крајно нелогични пораки кои што немаа врска со тврдењето дека Заев му бара работа на разузнавачот. Според Заев тој го терал Верушевски да даде документи за работна виза и затоа странските партнери биле нервозни.

„Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата“, стоеше во писмото.

Нелогичното однесување на Заев кој со вечерашната изјава ги потврди наодите на обвинителстото може да значи дека тој направил логичка грешка, но ја отвара и дилемата дали Заев има информации дека Верушевски преговара со обвинителството за пониска казна, па лидерот на СДСМ се обидува да му ја наруши позицијата во евентуални преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top