| четврток, 6 декември 2018 |

Му се слошило и починал во Министерство за здравство

zdravstvo-486x272

Министерството за здравство информира дека денеска околу 14 часот во просториите на Министерството за здравство му се слошило на надворешно лице, по што веднаш е повикана екипа на Итна медицинска помош.

Од Здравствен Дом Скопје информираат дека повикот е примен во 14.05 минути, по што веднаш е предадена покана за упатување возило на ИМП, кое во најкраток можен рок е пристигнато во Министерство, при што била дадена соодветна терапија и извршена реанимација од докторите од Итната медицинска помош во 14.13 часот.

Веднаш откако му се слошило на лицето, вработени доктори од Министерството за здравство започнале со реанимација. Покрај Итната медицинска помош, веднаш се повикани специјалисти од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување од Клиничкиот центар во Скопје.

И покрај навремено пружената здравствена заштита и повеќето обиди за реанимација, констатирана е смрт на лицето. За немилиот настан е известено семејството на сега починатиот, како и надлежните институции на системот.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top