| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал почитува хиерархија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед холандскиот стручњак Луис Ван Гал иако важи за авторитетен тренер, мора да ги слуша наредбите од клубот.
При преговарањето за негово доведување во „црвените ѓаволи“ еден од условите бил и приклучување на младите играчи од сопствените погони во првиот состав на тимот.
Секако Ван Гал тоа се труди да го исполни, понудувајќи има на младите играчи Тајлер Блекет и Рис Џејмс дологорочни договори, а слични услови доби и Педи Мекнеир.
На конферецијата за новинарите спорти натпреварот со Сандерленд, Холанѓанецот откри дека активно работи на внесување млади играчи во конкуренција за првиот тим.

– Тоа е стратегија на тимот. Кога се договарав со управата за да го преземам менаџерското место, ми рекоа дека посакуваат повеќе млади играчи од нашата академија. Тоа беше еден од условите – изјави Ван Гал.

– Премиер лигата покрај нашиот договор не обврзува да имаме постепено внесување на играчи во сенироскиот тим од младинските категории. Јас сум многу среќен што сме во ситуација да им понудиме дологорчни договори на млади фудбалери од нашата категорија – заврши поранешниот тренер на Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top