Алеш Пипан се врати во МЗТ Скопје, за него и за клубот во вистински момент, а Словенецот веднаш ќе има шанса за „одмазда“ за отказот што го доби од раководството на Олимпија.
Следниот меч на македонскиот првак предводен од Пипан од клупата е токму против Унион Олимпија в недела во рамките на Јадранска лига.
Недела од 17 часот ќе биде вистинско време за тестирање на можностите на МЗТ Скопје со Пипан како старо-нов тренер и можност за сладок реванш на словенечкиот стратег кон својот матичен клуб, за кој играше во поголемиот дел од кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.