Словенечкиот кошаркарски тренер Алеш Пипан повторно се врати во старото јато. По отказот кој го доби од Олимпија пред пет дена, раководството на МЗТ Скопје брзо реагираше и ги договори услугите на Пипан кој е поранешен селектор на македонската репрезентација и е поранешен тренер на МЗТ Скопје кој го водеше тимот до титули во домашниот шампионат и Купот на Македонија.
По неочекуваниот пораз на аеродромци во полуфиналето од Купот на Македонија од Кожуф се очекуваше управата на клубот да преземе конректни чекори пред завршницата од домашното првенство.
Тој своето второ деби на клупата на МЗТ Скопје ќе го има веќе в недела, а за симболиката да биде уште поголема, ривал ќе му биде доскорешниот клуб Унион Олимпија.
Словенечкио стратег веќе е во Скопје и последните информации се дека тој го одбработил и првиот тренинг со тимот од Јане Сандански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.