| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ во полуфинале со само два загубени гема

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми избори пласман во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако во четвртфиналето на Турчинот Марсел Илхан му препушти само два гема. Во меч што траеше 49 минути Ѓоковиќ двата сета ги доби со 6:1 во гемови.

Негов ривал во полуфиналето ќе му биде Чехот Томаш Бердих, кој со 2:1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:2) го победи Сергеј Стаховски од Украина.
Во второто полуфинале ќе играат Рожер Федерер (Швајцарија) и Борна Ќориќ (Хрватска). Федерер во четвртфиналето поведе со 1:0 во сетови (6:1 во гемови), кога Французинот Ришар Гаске му го предаде мечот. Изненадување направи Ќориќ, кој со 6:1 и 6:3 го елиминира Британецот Енди Мареј.
Турнирот се игра за награден фонд од 2.082.605 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top