Членови на фондацијата „Борис Трајковски”, делегација од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, претставници од спортскиот центар „Борис Трајковски”, делегација од општина Карпош и претставници на спортските клубови и спортските медиуми денеска по повод 11-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски положија цвеќе пред споменикот поставен во негова чест пред платото на Спортскиот центар.
Единаесетгодишнината од авионската несреќа ќе биде одбележана и со меморијален натпревар во Мостар на македонски и босански алпинисти.
Поранешниот македонски претседател Трајковски трагично загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.