ЕЛЕМ и ЕБОР продолжуваат да бидат посветени на спроведување на проектот за хидроцентралата „Бошков мост“ откако ќе бидат соодветно разрешени сите предуслови поврзани со еколошката одржливост на проектот, информираат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Финансирањето на ЕБОР е условено од повеќе параметри при исплатата на средствата, вклучувајќи специфични еколошки и социјални предуслови, вклучени во Акцискиот план за екологија и социјални услови на самиот проект.
ЕБОР во изјавата наведува дека подготвителните работи за усогласување со барањата за еколошките и социјалните стандарди се во тек. ЕЛЕМ и надворешните експерти се ангажирани на изработка на натамошни студии за биоразноликоста и вложуваат значајни напори кон финализирање на потребните дополнителни студии, во согласност со регулативите на ЕУ.
Од ЕБОР најведуваат дека во насока на спроведување на активностите, потребни во согласност со акцискиот план за екологија и социјални услови, ЕЛЕМ и ЕБОР ќе продолжат да соработуваат со заинтересираните организации и експерти од релевантната област, со цел да се земат предвид научно заснованите совети и најдобрите практики во подготовката, намалувањето на ризиците и надзорот на активностите околу проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.