| четврток, 6 декември 2018 |

И Магдалена Несторовска, државната секретарка на МВР си го вработила сопругот во ЕЛЕМ

Магдалена Несторовска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи и висок партиски функционер на владејачката СДСМ си го вработила нејзиниот сопруг Љубислав Несторовски во ЕЛЕМ, дознава Лидер од извори во оваа државна Компанија.

Според „Лидер“, Несторовски на новото работно место дошол во пакет со синот на архитектот Мирослав Грчев и ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Оттаму пак велат дека е скандалозно и тоа што Љубислав Несторовски има 63 години и е на една година пред пензија.

Сопругата на Несторовски практично ја има највисоката администра функција во МВР, државен секретар, па оттаму се поставува прашањето дали и во овој случај се работи за непотизам.

Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов. Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта.

Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, потврдуваат анонимни извори од Агенцијата за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top