| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените на ЕЛЕМ и РЕК Битола жртви на партиски реваншизам

Раководството на РЕК Битола деновиве на најгруб начин удри и врз вработените во претпријатието. Изминатиот период на над 300 вработени во РЕК Битола им се доставени одлуки за откажување на договор за вработување со понуда за склучување на нов променет договор за вработување. Со овие нови решенија се врши деградирање на вработените, нивна прераспределба на несоодветни работни места кои не одговараат на професионалниот профил на вработените, изјави Тони Коњановски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Раководството на РЕК треба да и одговори на јавноста, дали е вистина дека вработените добиваат под принуда одлуки за промена на работните места без никакво образложение за деловните причини поради кои дошло до тие одлуки? СДСМ се однесува со институциите како своја приватна сопственост. СДСМ спроведува политички реваншизам. Деградиран е секој еден неистомисленик на власта. Вработените во ЕЛЕМ и РЕК Битола се директни жртви на партизацијата и партискиот реваншизам – додаде Коњановски.

Според него, со овие постапки грубо се кршат процедурите и не се почитува Законот за работни односи и колективниот договор.

– Го прашуваме новото раководство на РЕК Битола, дали овие притисоци се политички мотивирани за пресметка со нивнитенеистомисленици и дали ова е “животот за сите” кој СДСМ го ветуваше за време на изборната кампања. Ветуваа живот, а донесоа страв и несигурност кај граѓаните – заврши Коњановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top