| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование

-Ангажираните со договор за привремено вработување, Бесијана Џафери и Димитар Грчев, имаат завршено високо образование со просек 10 и 9.7, со што ги исполнуваат потребните услови за конкретното работно место, а еден од ангажираните е и со повисок степен на образование од тој што се бара, што се гледа од дипломите приложени во овој допис – информираат од ЕЛЕМ.
АД ЕЛЕМ остро реагира на континуираните објави во дел од порталите во кои се навредуваат вработени во компанијата, како и самата АД ЕЛЕМ, со содржини и наводи кои се целосно невистинити, како што е и во овој случај.
Категорично бараме медиумите кои денеска го изнесоа конкретниот напис да го објават овој демант и документите во прилог, за што имаат законска обврска, и да се извинат за направената клевета и повреда на честа и угледот на вработените и на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top