Герис нагласи дека Турција го спречила патувањето на 1.000 лица, но додаде дека беспрекорна контрола на турско-сириската граница, која е долга 910 километри, сепак, е невозможна.
– Борбата против Исламска држава почнува овде, во Австрија и другите европски држави – истакна тој.
Според неговите зборови, џихадистите кои се приклучуваат на ИСИС се чувствуваат отфрлени од општеството.
– Доколку имаат вистинска перспектива, нема да имаат причина да одат во Сирија. Треба да им се овозможи да почувствуваат дека и тие се дел од општеството – рече турскиот амбасадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.